Јавен Оглас за именување директор на Казнено-поправна установа Идризово со отворено одделение во Велес 

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
30.11.2020

Врз основа на член член 30 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/2019 и 220/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува:

Јавен Оглас за именување директор на Казнено-поправна установа Идризово со отворено одделение во Велес 

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Казнено-поправна установа Идризово со отворено одделение во Велес,  на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции.   
  2. За директор на Казнено-поправна установа Идризово со отворено одделение во Велес може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
    • да е државјанин на Република Северна Македонија;
    • активно да го владее македонскиот јазик;
    • да е работоспособен и да има општа здравствена способност;
    • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и
    • познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
  3. На Директорот кој е именуван во периодот од денот на влегувањето во сила на Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/2019), нема да се применуваат одредбите од членот 30 став (3) точка 6 кои ќе започнат да се применуваат во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (28.5.2022 година)
  4. За директор на Казнено-поправна установа Идризово со отворено одделение во Велес може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк.
  5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • Пријава по оглас - преземи тука,
    • Кратка биографија,
    • Мотивациско писмо,
    • План и програма за идна работа,
    • Уверение за државјанство, 
    • Доказ дека активно да го владее македонскиот јазик,
    • Доказ дека е работоспособен и да има општа здравствена способност,
    • Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
    • Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
    • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
  6. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Казнено-поправна установа Идризово со отворено одделение во Велес “.  
  7. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  8. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020,  29/2020, 237/2020 и 245/2020).
  10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 7 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  11. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
  12. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.