Јавен Оглас за именување директор на Управата за извршување на санкции

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
30.11.2020

Врз основа на член 27 и член 28 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/2019 и 220/2019), Владата на Република Северна Македонија, објавува:

 

Јавен Оглас за именување директор на Управата за извршување на санкции

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за правда ќе именува директор на Управата за извршување на санкции, за време од четири години со право на повторен избор.
  2. За директор на Управата за извршување на санкции може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
    • да е државјанин на Република Северна Македонија;
    • активно да го владее македонскиот јазик;
    • да е работоспособен и да има општа здравствена способност;
    • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • 6. да има најмалку 10 години работно искуство, од кои пет години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи; 
    • 7. познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
  3. На Директорот кој е именуван во периодот од денот на влегувањето во сила на Законот за извршување на санкциите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 99/2019), нема да се применуваат одредбите од членот 28 став (1) точка 6 кој ќе започне да се применува во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон. (28.5.2022 година)
  4. За директор на Управата за извршување на санкции може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк.
  5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • Пријава по оглас - Преземи тука,
    • Кратка биографија,
    • Мотивациско писмо,
    • План и програма за идна работа,
    • Уверение за државјанство, 
    • Доказ дека активно да го владее македонскиот јазик,
    • Доказ дека е работоспособен и да има општа здравствена способност,
    • Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
    • Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
    • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
  6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Управата за извршување на санкции “.  
  7. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  8. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020,  29/2020, 237/2020 и 245/2020).
  10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 7 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  11. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
  12. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.