Јавен Оглас Број – 03/2020 за вработување на (1) извршител за пополнување на посебнo работнo местo во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
09.12.2020

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 5, став 13 и став 14 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/2019 и 14/2020), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015,  72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/2019 и 267/2020) и Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија бр.04-8432/1 од 18.9.2020 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, објавува:

Јавен Оглас Број – 03/2020 за вработување на (1) извршител за пополнување на посебнo работнo местo во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси

 

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, поради потребата од пополнување на посебнo работнo местo, заради извршување на работни задачи на посебeн советник во:

  • Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, а со цел извршување на работни задачи на посебен советник, за ангажирање на 1 лицe на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува, објавува јавен оглас за следнавa позициja:
    • Посебен советник за координација на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси;

Потребни квалификации:

  • стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Бизнис администрација-финансии;
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • работа со компјутери;
  • со работно искуство;

Дневно работно време од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок;

  • работа за време на неделен одмор,
  • работа за време на празници утврдени со закон и
  • работа подолго од полното работно време, заради извршување на итни и неодложни работи. 

Нето плата 54.000,00 денари.

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација: 

  • своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • кратка биографија СV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • уверение за државјанство;
  • доказ за општа здравствена способност за работното место;
  • доказ за бараното работно искуство;
  • диплома за завршен степен на образование кое се бара за работно место;
  • доказ за познавање англиски јазик; 
  • доказ за познавање на компјутерски вештини;

Потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави до Архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на следнава адреса:

Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Сектор за човечки ресурси
бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување посебен советник“)

На другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници.

Ненавремената и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана. 

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, избраните кандидати ќе бидат дополнително повикани на интервју во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.