Од 31-та седница на Владата: Донесена одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска

Владата на Република Северна Македонија вечерва одржа седница на која донесе одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести.

Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои влегуваат на територијата на Северна Македонија од Велика Британија и Северна Ирска преку копнен граничен премин и на граничните премини на аеродромите во Скопје и Охрид и сите ќе бидат задолжително упатени во самоизолација од 14 дена, како и да пополнат пријава за влез во државата со податоци за местото на сместување.