Премиерот Заев на консултативен состанок со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта во Тетово

Денеска 12.02.2021 година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, ќе учествува на консултативен состанок со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта во Тетово.

Состанокот е дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“, чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралелки, во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година. Со унапредување на стручното образование ќе може да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар, но и да се овозможи поголема вработливост на младите.
 

Календар Влада: 
Friday, February 12, 2021 - 14:30 to 15:30