Прес-конференција на Агенцијата за млади и спорт и Управата за јавни приходи

На 14.02.2021 година (недела), со почеток во 11:00 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обратат директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

На прес-конференцијата ќе биде презентирана успешната реализација на спортските ваучери во изминатата година и за тоа како оваа мерка се покажува како вистинска бидејќи во целост ја извршува својата функција - да го помага спортот, а во исто време фирмите својата добивка да ја вложуваат во клубовите и федерациите.

Календар Влада: 
Недела, Февруари 14, 2021 - 11:00 to Понеделник, Февруари 15, 2021 - 11:45