Потпишување договор за 2,4 милиони евра неповратни средства наменети во обновливи извори за енергетска транзиција

Ве известуваме дека денеска, 15.02.2021 (понеделник) со почеток во 11:30 часот претседателот на Владата Зоран Заев заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Анка Холштајн, ќе се обратат на прес-конференција за потпишување на договор за грант наменет во обновливи извори за енергетска транзиција.

Потпишувањето на договорот значи користење на неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, кои ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра како евтини кредити за изградба на енергетски објекти.

Договорот ќе го потпишат генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на KfW за Северна Македонија и Косово Рене Ешеманн.
 

Календар Влада: 
Понеделник, Февруари 15, 2021 - 11:30 to 12:30