Јавен оглас за именување на заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
22.02.2021

Врз основа на член 11 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2007, 5/2009, 43/2014, 193/2015, 39/2016, 164/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.190/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за именување на заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со мандат од четири години.    
  2. За заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
    • е државјанин на Република Северна Македонија;
    • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • има најмалку пет години работно искуство;
    • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или
    • уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  3. Именувањето на заменикот на директорот се врши врз основа на неговата стручност и компетентност.
  4. За заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • Пријава по оглас;
    • Кратка биографија;
    • Мотивациско писмо;
    • План и програма за идна работа;
    • Уверение за државјанство; 
    • Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
    • Меѓународно  признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој “.
  7. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  8. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
  9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020,  29/2020, 237/2020 и 245/2020).
  10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 работни дена, сметано од  денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  11. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
  12. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.