Премиерот Заев ќе го презентира петтиот пакет економски мерки

Денеска, со почеток во 13:30 часот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

На прес-конференцијата ќе биде презентиран петтиот пакет економски мерки кој е донесен во инклузивен процес со сите релевантни чинители во процесот, според истиот принцип како и изминатите четири пакети економски мерки. За одговор на новинарски прашања присутни ќе бидат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.

Календар Влада: 
Вторник, Февруари 16, 2021 - 13:30 to 14:30