Филипче: Вложуваме во инфраструктура и во здравстен кадар, нова поликлиника во Сарај, Кисела Вода и нови амбуланти на место на старите и дотраени бараки

Во општина Сарај, во тек е изградба на поликлиника која ќе биде во склоп на Здравствниот дом Скопје, овој проект е дел од големата инвестиција во инфраструктурата која ќе се одвива периодов се со цел да се зголеми квалитетот на здравствената услуга за сите граѓани, како и условите за работа на здравствените работници. Денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче, заедно со заменикот министер д-р Илир Хасани, градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, како и медицинскиот и економскиот директор на ЗД Скопје д-р Виктор Исијановски и Бесим Кока направија увид во градежните активности. Поликлиниката ќе е организирана со поделба на 4 дела кои меѓусебно ќе бидат поврзани со ходници. Во северното крило ќе бидат сместени простории за општа медицина и педијатрија, помошни простории и аптека. Во источно крило сместени ќе бидат специјалистички ординации (гинеколгија, ОРЛ, невропсихијатрија, интерна медицина и дерматовенерологија), РТГ дијагностика и лабораторија, физикална терапија. Во јужното крило - ноќна служба и администрација, а во западно крило -стоматологија и превентивна здравствена заштита(предучилишна).

Оваа амбуланта треба да биде дел од Здравствен Дом - Скопје и ќе служи на голем број жители коишто живеат во овој регион, тоа се близу 45.000 жители од преку 20 населени места. Овие граѓани во овој момент, близу своите домови, немаат поликлиника ниту амбуланта, каде може да добијат здравствена услуга и ги користат поликлиниките во другите општини. Во оваа поликлиника треба да има повеќе дејности како лекари по општа медицина, специјалисти, рентген дијагностика и лабораторија, нешто што значајно ќе го олесни пристапот кон здравствена услуга - изјави Филипче.

Министерот посочи дека изградбата на поликлиниката во Чаир е голема инвестиција, посебно во делот на примарното здравство во градот Скопје. Годинава ќе започне и реновирање на 10 амбуланти, а освен поликлиника во Сарај, изградба ќе започне и во општина Кисела Вода.

Во следниот период планираме целосно да се заменат амбулантите во останатите скопски општини: Аеродром, во Лисиче, во Бутел, во Ѓорче Петров, понатаму во Карпош, сето тоа се амбуланти коишто се навистина дотраени. За првпат исто како тука во Сарај ќе има нова поликлиника и во населбата Кисела Вода. Целиот овој систем на инвестиции покажа дека јавното здравство е навистина многу битно. Истиот систем го направивме и со модуларните болници, навистина брзо и ефикасно сега се спремни и веќе во голем број се ставени во функција, а сега навистина има потреба од нив поради ова зголемување на бројот  на новодијагностицирани пациенти што се случува во изминатиот период -рече Филипче.

Од вкупно 19 модуларни болници низ државата, 18 се веќе завршени. Завршено е примопредавањето на модуларните боници во Гевгелија, Струмица, Кичево, Струга, Охрид, Куманово, Штип, Гостивар, Велес, Кавадарци, Прилеп, Кочани. Во понеделник ќе биде примопредадена модуларната болница во Битола, во вторник во Тетово и Козле. Во среда ќе се изврши примопредавање на модуларната болница во Дебар.

Министерот истакна дека изминатиов период иако во време на пандемија, инвестициите не беа само во делот на инфраструктурата, туку и во кадар, но и зголемување на платите, додатоците на здравстните работници.

Делот од инвестицијата не беше само во инфраструктура, беше и во примање на кадар. Во изминатиов период примени на работа се над 140 доктори, над 200 медицински сестри, околу 30 лекари специјалисти и сето тоа заокружено со зголемувањето на платите, на примањата, на сумите за дежурства. Една сериозна инвестиција во јавното здравје, нешто што навистина ни помага да се зголеми квалитетот на услугата, да се олесни пристапот, а сега е видливо како во овие услови на пандемија тоа е многу битно - рече министерот Филипче.