Премиерот Заев ќе предводи делегација на Владата на дводневна работна посета во Луксембург

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на 15.03.2021 година, заминува за Луксембург каде што ќе ја предводи делегацијата на Владата во која е и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Работната посета започнува во текот на утрешниот ден, а  во агендата на посетата на делегацијата на Владата на Северна Македонија е предвидена средба со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, како и средба со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел.

Владината прес служба ќе известува за сите активности за време на работната посета.

Календар Влада: 
Monday, March 15, 2021 - 00:00 to 23:45