Прес-конференција на портпаролите на Владата Арсовски и Хоџа

Денеска со почеток во 12:00 часот, заедничка прес-конференција ќе одржат портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа.

На прес-конференцијата достапни за одговор на Вашите прашања ќе бидат и Александар Видиновски од Министерството за правда и Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Темата на прес-конференцијата е претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, активностите кои се во тек, како и осврт на пописот во дијаспората.

Календар Влада: 
Friday, March 19, 2021 - 12:00 to Saturday, March 20, 2021 - 12:45