Јавен оглас за именување на претседател и член на Инспекцискиот совет

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
09.04.2021

Врз основа на член 20 и член 21  од Законот зa инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува

Ј  А  В  Е  Н    О  Г  Л  А  С
за именување на претседател и член на Инспекцискиот совет

  1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува претседател на Инспекцискиот совет и еден член на Инспекцискиот совет од областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна.
  2. Советот има претседател и шест члена, кои функцијата ја извршуваат професионално, со мандат од четири години, со право на уште еден избор.
  3. За претседател на Инспекцискиот советот може да биде избрано лице кое:
    • има државјанство на Република Северна Македонија;
    • во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • има најмалку шест години работно искуство на раководно работно место, по дипломирањето;
    • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2).
    • поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  4. За член на Инспекцискиот советот од областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна може да биде избрано лице кое:
    • има државјанство на Република Северна Македонија;
    • во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • има најмалку шест години работно искуство по дипломирање, во соодветната област за која е избран за член;
    • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку  6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
    • поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  5. Претседателот и член на Инспекцискиот советот не можат да бидат членови во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија или Владата.
  6. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • пријава по оглас може да се преземе на следниот линк:
    • кратка биографија;
    • уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
    • доказ дека во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    • доказ дека има најмалку шест години работно искуство на раководно работно место, по дипломирањето- за претседател;
    • доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирање, во соодветната област за која е избран -за член;
    • меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку  6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
    • потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
  7. Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса:

    Влада на Република Северна Македонија
    Бул. „Илинден“ бр. 2,
    1000 Скопје
    со назнака: „За јавен оглас за именување на претседател и член на Инспекцискиот совет“.
     

  8. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е (15) петнаесет дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.
  9. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
  10. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Пропратни документи: