Република Северна Македонија - една година членка на НАТО

 
Денеска 27.03.2021 година (сабота) во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 11 часот, ќе се одржи централна свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО – Алијансата.

На свеченоста ќе се обратат Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмиралот Роберт Бурк.

Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на грчки воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“, заедно со хеликоптери на македонското воено воздухопловство, точката Егзерцир на армиската Гарда, постројување и марш на ешалони од единиците  кои учествувале во мисиите предводени од НАТО меѓу кои се и припадниците на Лесниот пешадиски баталјон.

Календар Влада: 
Сабота, Март 27, 2021 - 11:00 to Недела, Март 28, 2021 - 13:45