Премиерот Заев на потпишување на Меморандумите за реализација на најавените инвестиции во Александруполи, Грција

Денеска 31 март 2021 година (среда) во 12:00 часот премиерот Зоран Заев, ќе се обрати на настанот по повод потпишување на договорите за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“, Меморандум за соработка помеѓу Електрани на Северна Македонија „АД ЕСМ“ и „Гастрејд“ како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ“.

На настанот ќе се обратат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, извршниот директор на Копелузос Груп, Христос Копелузос и заменик-претседателот на Гастрејд, Коститс Сифнеос.

Присутни ќе бидат и Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални енергетски ресурси - „НЕР АД“ Скопје како и Васко Ковачевски, претседател на УО и генерален директор на А.Д. Електрани на Северна Македонија – „А.Д ЕСМ“.

Календар Влада: 
Среда, Март 31, 2021 - 12:00 to Четврток, Април 1, 2021 - 12:45