Премиерот Заев и министерот Бочварски ќе присуствуваат на официјално пуштање во употреба на новиот 400/110 киловолтен трансформатор во ТС „Битола 2”

Денеска, со почеток во 11:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе присуствува на официјално пуштање во употреба на новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторска станица „Битола 2”.

Премиерот Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани, ќе дадат изјави за медиумите за важноста на овој капитален проект во функција на подобрување на електроенергетската инфраструктура во земјата. Инвестицијата изнесува 2,4 милиони евра, сопствени средства на АД МЕПСО. 

Календар Влада: 
Friday, April 2, 2021 - 11:30 to 12:30