Одбележување на 8 Април, Светскиот ден на Ромите и 50 години јубилеј од одржувањето на првиот Ромски конгрес

Денеска, 07.04.2021 година (среда) со почеток во 10:00 часот, по повод Одбележување на 8 – ми април Светскиот ден на Ромите и 50 години јубилеј од одржувањето на првиот Ромски конгрес, ќе се обратат претседателот на Владата Зоран Заев, првиот заменик-претседател Артан Груби, и пратеничката Љатифа Шиковска.

На настанот преку видео конференциска врска ќе бидат приклучени и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,  министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука, Мила Царовска, заменик-министерот за правда Агим Нухиу и вработени од Министерството за транспорт и врски, како и претставници на ромски граѓански организации и политички партии.

Календар Влада: 
Среда, Април 7, 2021 - 10:00 to Четврток, Април 8, 2021 - 10:45