Вицепремиерот Битиќи ќе потпише договор со Дрекслмајер за нова инвестиција на компанијата во Северна Македонија

На 21-ви април (среда) со почеток во 11:00 часот, во Медија центарот на Владата ќе се одржи настан за свечено потпишување на договор за државна помош помеѓу заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и управителите на компанијата ДММ Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, Лукас Муехрингер и Јосеф Oтто Ерих Кауфман.

На настанот, по  свеченоста за потпишување на договорот за државна помош, свои обраќања ќе имаат вицепремиерот Битиќи и управителите на Дрекслмајер.

Календар Влада: 
Среда, Април 21, 2021 - 11:00 to Четврток, Април 22, 2021 - 11:45