Премиерот Заев на официјално пуштање во употреба на фотонапонска централа во Теново, Општина Брвеница

Ве известуваме дека утре, 22.04.2021 година (четврток) со почеток во 12:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на фотонапонска централа во село Теново, Општина Брвеница. Премиерот Заев заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, како и со менаџментот на компанијата инвеститор ќе дадат изјави за медиумите.

Се работи за изградена фотонапонска централа од јавниот повик за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште кој беше објавен во 2019 година. Оваа централа е само една од севкупно 27 централи кои склучија Договор за право на користење на премија како резултат на успешно спроведената тендерска постапка за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост.

Календар Влада: 
Четврток, Април 22, 2021 - 12:30 to 13:30