Јавен Оглас за именување директор на Дирекцијата за заштита и спасување

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
28.04.2021

Врз основа на член 19 од Законот за заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија“бр. 36/2004, 49/2004 86/2008, 124/2010, 18/2011, 41/2014, 129/2015, 71/2016,  106/2016 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува

Ј А В Е Н  О Г Л А С
за именување директор на Дирекцијата за заштита и спасување

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Дирекцијата за заштита и спасување, за време од четири години.    

2. За директор на Дирекцијата за заштита и спасување може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование,
  • да има најмалку пет години работно искуство;
  • да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

3. За директор на Дирекцијата за заштита и спасување може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

  • Пријава по оглас;
  • Кратка биографија;
  • Мотивациско писмо;
  • План и програма за идна работа;
  • Уверение за државјанство; 
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Диплома за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
  • доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
  • меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса:

Влада на Република Северна Македонија

бул.„Илинден“ бр.2,

1000 Скопје

со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Дирекцијата за заштита и спасување “.

6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020 и 245/2020).

9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 

11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: