1 Мај - Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 Мај 2021 година (сабота), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита Денот на трудот.