Обраќање на премиерот Заев по повод Денот на македонскиот јазик

Ве известуваме дека денеска, 05.05.2021 (среда), со почеток во 14:30 часот во Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков" ќе се одржи одбележување на Денот на македонскиот јазик и промоција на дигитализираниот Толковен речник на македонски јазик.

На промоцијата ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јовановска-Грујовска и координаторот на проектот Снежана Велкова.

Календар Влада: 
Среда, Мај 5, 2021 - 14:30 to 15:30