Премиерот Заев во ТИРЗ Тетово по повод новата инвестиција на „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“

Денеска, 07.05.2021 година (петок), со почеток во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе се обрати на настан по повод поставувањето на камен темелникот на новата заедничка инвестиција на американската компанијата „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“, во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово.

Станува збор за нов втор инвестициски циклус кој изнесува 15 милиони евра. Во постоечкиот прв производствен погон на фабриката „ЛЕАР“ во ТИРЗ Тетово, веќе се произведуваат навлаки за седишта и сродни производи за автомобили за извоз.

На настанот ќе се обратат и министерот за економија, Крешник Бектеши, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, претседателот на борд на директори на „Нормак Инвестмент Груп“, Аки Етеми, а најавено е присуство и на првиот заменик претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Календар Влада: 
Петок, Мај 7, 2021 - 12:00 to 13:00