Владина делегација предводена од премиерот Заев положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај - Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.

Покрај владината делегација, свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борци од НОБ, Собранието на Република Северна Македонија, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Армијата на Република Северна Македонија и Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов.

Оддавањето почит на борците против фашизмот за нивните дела кое израснаа врз рушевините и ужасите на Втората светска војна, е и за делата кои ја создадоа македонската државност паралелно со победата над фашизмот.