Премиерот Заев и министерот Хоџа во посета на новите насади на „Тиквеш“

Ве известуваме дека денеска, 17.05.2021 година (понеделник) со почеток од 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе ги посетат новите насади на винаријата „Тиквеш", во близина на р. Бабуна, после Општина Велес.

На настанот ќе се обратат и претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој Никица Бачовски.

Календар Влада: 
Понеделник, Мај 17, 2021 - 11:00 to 12:00