Владата ќе ја одржи 70-тата седница

Владата на Република Северна Македонија, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе ја одржи 70-та, тематска седница, целосно посветена на Информацијата за проектите кои се финансираат преку ИПА 2 програмите во Република Северна Македонија.
 
На седницата, пред министрите, за разгледување, ќе се најде и Информацијата за статусот на проектите кои се финансираат од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори, во насока на искористеноста на заемите и инвестициските грантови за истите, заклучно со 30.04.2021 година.
 
За заклучоците и одлуките од денешната тематска Владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде информирана со соопштение.
 

Календар Влада: 
Понеделник, Мај 17, 2021 - 19:00 to 20:00