Премиерот Заев денеска и утре во Брисел ќе се сретне со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Борел и со претседателот на Европскиот совет, Мишел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска патува за Брисел каде што вечерва, на покана на потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ќе присуствува на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан на која ќе се разговара за актуелни прашања за регионот во контекст напредокот на земјите во процесот за нивно пристапување во ЕУ.

Непосредно пред вечерата премиерот Заев ќе оствари куса средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Премиерот Заев оваа посета на институциите на ЕУ во Брисел ќе ја заврши утре со средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Календар Влада: 
Tuesday, May 18, 2021 - 00:00 to 23:45