Прес-конференција на вицепремиерот Димитров и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре (среда, 26 мај 2021 година) ќе биде домаќин на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, во рамки на неговата дводневна посета на Скопје.

Посетата се случува во светло на јунскиот состанок на Советот на ЕУ за општи работи, каде Рот ја претставува Германија и во тој контекст, акцентот на разговорот со Димитров ќе биде ставен на надминувањето на предизвиците и изгледите за усвојување на преговарачката рамка со цел одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Со оглед на гласниот и активен ангажман на Германија за време и по претседавањето со ЕУ, оваа посета претставува продолжение на германските напори за заеднички пробив на европскиот пат на Северна Македонија. На состанокот ќе се дискутира и за иднината на Берлинскиот процес и самитот кој што е предвиден да се одржи во Берлин годинава, како и за други теми и прашања поврзани со европската перспектива на земјата и регионот.
 

Календар Влада: 
Tuesday, May 25, 2021 - 17:00 to 18:30