Работна посета на премиерот Зоран Заев и владина делегација на Република Бугарија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата, Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи на 17.06.2021 (четврток) ќе остварат работна посета на Софија, Република Бугарија, со цел интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија. Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со Претседателот на Бугарија Радев, со премиерот на Бугарија Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Република Бугарија.

Календар Влада: 
E enjte, Qershor 17, 2021 - 00:00 to 23:45