Една од најголемите светски компании за недвижности Ре/Макс започнува со работа на македонскиот пазар

За време на службената посета на Швајцарската конфедерација, потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари работна средба со потпретседателите на Ре/Макс Европа, Курт Лукас и Адриан Бури. 

Ре/Макс е американска интернационална компанија за недвижности со повеќе од 6.000 канцеларии ширум светот.

Ре/Макс како една од најголемите, најреномирани и најуспешни компании, ќе го професионализираат пазарот со недвижнини во Северна Македонија и ќе воведат меѓународни стандарди во купувањето, продавањето и изнајмувањето на недвижности во нашата земја. 

Дополнително, тоа ќе нѐ стави на меѓународната карта за недвижности што пост-ковид ќе значи раздвижување и отворање на пазарот за недвижности и економијата целокупно.  

На средбата вицепремиерот Битиќи ги потенцираше заложбите на Владата за одлучни економски политики во пост-ковид периодот, кои ќе ја закрепнат и засилат економската стабилност на земјата. 

Од друга страна пак, потпретседателите на Ре/Макс Европа, по првите разговори и донесувањето на одлуката за проширување во нашата земја во март 2020, на оваа средба потврдија дека продолжуваат со нивните намери, по скоро година пауза поради пандемијата од КОВИД-19, да започнат со работа.