Премиерот Заев со официјално обраќање ќе го отвори Првиот Економски Форум во Скопје

Во 9:00 часот во хотел Александар Палас, започнува Првиот Економски Форум во Скопје, кој со официјално обраќање ќе го отвори премиерот Зоран Заев.

Меѓу учесниците на форумот се и премиерот на Албанија Еди Рама, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој ќе се обрати преку видео-конференциска врска, потоа вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, за правда Бојан Маричиќ, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Грција и Полска во Северна Македонија, првите луѓе во канцелариите на Светска банка и на ЕБРД во земјава, Масимилијано Паолучи и Анди Аранитаси, како и домашни стопанственици, универзитетски професори и новинари, гости од Словенија, Србија итн.

 

Календар Влада: 
E mërkurë, Qershor 23, 2021 - 09:00 to 10:30