Прес-конференција на премиерот Заев за Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните

Ве известуваме дека денеска, 29.06.2021 година (вторник), со почеток во 14:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за правда, Бојан Маричиќ и министерот за финансии, Фатмир Бесими ќе го презентираат Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19.

Календар Влада: 
Вторник, Јуни 29, 2021 - 14:30 to 15:30