Премиерот Заев ќе се обрати на промоцијата на инвестицискиот план на компанијата „Магна''

Ве известуваме дека на 30.06.2021 година (среда) во 11:30 часот во Музејот на современа уметност во Скопје,  премиерот Зоран Заев ќе се обрати по повод промоцијата на инвестицискиот план на канадската компанијата „Магна“ која започна со изградба на фабрика во ТИРЗ, Струга.

На настанот ќе присуствуваат и  заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, како и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

На промоцијата ќе биде направена виртуелна 3Д презентација на инвестицијата, а ќе се обрати и потпретседателот на „Магна“, Дејвид Креспи.
 

Календар Влада: 
Среда, Јуни 30, 2021 - 11:30 to 12:30