„Слободното движење на стоките, слободна трговија со услугите, отстранување на пречките во трговијата со стоките и услугите, како рамка за поголеми олеснувања во рамките на Заедничкиот регионален пазар се главните приоритети на Северна Македонија за подобрување на соработката во регионот. Со заеднички напори на сите земји и со имплементација на мерки за поголема соработка можеме да придонесеме за поголем просперитет за нашите граѓани. Во исто време почетокот на спроведувањето на Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар 2021-2024 се обединува во периодот на опоравување на националните економии од пандемијата, насочувајќи ги земјите од Западен Балкан да го направат регионот попривлечен за инвестиции и трговија. Важното прашање за Република Северна Македонија, но и за другите земји на Западен Балкан е дека интензивните активности за спроведувањето на Акцискиот план и постигнатите резултати може да придонесат значително кон процесот на пристапување кон Европската Унија“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на „Преспа форум дијалог“ кој се одржува во хотелот Метропол во Охрид.
Министерот Бектеши на панел сесијата „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?“ заедно со заменик министерот за економија и финансии на Албанија Бесарт Кадија, генералниот директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, Анета Антова Пешева, претседател на Управниот одбор на МАСИТ, универзитетскиот професор Марјан Петрески и Јоханес Хајдекер , економски експерт од Германија кој ја советува Владата, дебатираа за новите предизвици и решенија за зајакнување на регионалната економска соработка и економско закрепнување во постпандемиската ера, имплементацијата на Акцискиот план за заеднички регионален пазар, за зголемување на прекуграничната соработка и поврзаност и промовирање на одржлива иновација преку стратегии за паметна специјализација.
„Сите сме посветени на подобра регионална соработка. Како можност за постигнување резултати за ова прашање, работевме во рамките на Акцискиот план за меѓусебни трговски прашања, олеснување на трговијата со стоки и услуги и создавање на слободен регион од нетарифните бариери. Предизвик е да се постигнат планираните активности за време на различната фаза на статусот на закрепнување на Западен Балкан. Но, што можеме да сториме за да го подобриме?
Мислам дека вистинскиот одговор е да се ориентираме кон консензуални одлуки на Западен Балкан за исполнување на обврските од Акцискиот план. Ова е важно пред се бидејќи мерките од Акцискиот план се насочени кон олеснување на трговијата со стоки и услуги без сите видови бариери. Друг предизвик ќе биде спроведување мерки во националните економии кои можат да ја поддржат трговската размена и во исто време се компатибилни со активностите во Акциониот план“ кажа министерот Бектеши.
Меѓу мерките кои Северна Македонија веќе почна да ги спроведува како дел од Пакетот економски мерки за поддршка на економијата за справување со ефектите од пандемијата за компаниите извознички е ревидирање на царинскиот тарифник и прилагодување со правилата на пазарот на ЕУ и пазарите на земјите членки на Светската трговска организација.
Како перспективи за заеднички регионален пазар министерот посочи дека е потребно активно учество на земјите од Западен Балкан во имплементацијата на Акцискиот план како приоритетни активности за да има видливи резултати како и да се стимулира деловната заедница во спроведување на мерките со цел да се развие подобра конкурентност меѓу компаниите во регионот.
„Преку Планот за економски раст и новата ревидирана Индустриска стратегија, ние се фокусиравме на развој на индустријата во земјата. Новата Индустриска стратегија ги поставува приоритетите во индустриската политика, почнувајќи со зајакнување на производството преку производство на продуктивност, иновации и трансфер на технологија или трансформација на индустријата во зелена индустрија, сите базирани сектори за производство на контекстно-ориентирано производство и учење што е во согласност со европската визија за здравствена едукација преку развој на производствениот сектор, зелено производство, и поврзување на странските директни инвестиции со локалните производители“ кажа Бектеши.
Министерот нотираше дека Северна Македонија е силно посветена на реализација на Зелената агенда за Западен Балкан која што беше усвоена минатата година, што е уште една алатка регионот да се приклучи на европските политики за поголеми инвестиции за производство на зелена енергија и заштита на животната средина.
“Минатиот месец Владата усвои Интервентен план за инвестиции за период од седум години во вредност од 8,7 милијарди евра, од овие средства вкупно 3,1 милијарди евра е се наменети за инвестиции во енергетски проекти, пред се во обновливи извори на енергија“ кажа министерот Бектеши.
Министерот информираше дека во завршна фаза е усвојување на Стратегијата за паметна специјализација која се базира на искористување на постојните потенцијали во на бизнисот, иновациите и науката со што ќе се развијат стратегии за образование и развој на вештини и за иновации коишто треба да се прилагодат на реалните потреби на пазарот на трудот, но и на конкурентноста и на регионалниот развој.