Премиерот Зоран Заев ќе учествува на Берлинскиот Самит за Западен Балкан

Денеска, со почеток во 15:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе учествува на Берлинскиот Самит за Западен Балкан.

Самитот ќе го отвори федералната канцеларка на Германија, Ангела Меркел, а на истиот ќе се обратат шефовите на Влади од Западен Балкан, челниците на европските институции, премиерите на Обединетото Кралство, Хрватска, Грција, Бугарија и Словенија како и претседателот на Франција и канцеларот на Австрија.

 

Календар Влада: 
E hënë, Korrik 5, 2021 - 15:00 to 16:00