Јавен Оглас за именување на член на Инспекцискиот совет

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
21.07.2021

Врз основа на член 20 и член 21 од Законот зa инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
за именување на член на Инспекцискиот совет

1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува еден член на Инспекцискиот совет од областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна.

2. Советот има претседател и шест члена, кои функцијата ја извршуваат професионално, со мандат од четири години, со право на уште еден избор.

3. За член на Инспекцискиот советот од областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна може да биде избрано лице кое:

  • има државјанство на Република Северна Македонија;
  • во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • има најмалку шест години работно искуство по дипломирање, во областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна;
  • поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик:
    • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку  6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
    • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
  • поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

4. Членот на Инспекцискиот советот не може да биде член во органи и тела кои ги избира или именува Собранието на Република Северна Македонија или Владата.
5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

  • пријава по оглас;
  • кратка биографија;
  • уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  • доказ дека во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во областа на земјоделство, шумарство, ветеринарство и безбедност на храна.
  • меѓународно признат сертификат или уверениe за активно познавање на англиски јазик:
    • ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) – најмалку  6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
    • БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2)
  • потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса:

Влада на Република Северна Македонија

Бул.„Илинден“ бр.2,

1000 Скопје

со назнака: „За јавен оглас за именување член на Инспекцискиот совет“.
7. Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е (15) петнаесет дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.
8. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
9. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.