Премиерот Заев и министерот Бектеши на означување на инвестицијата „Парк на ветерници Богословец“

Денеска, 7.7.2021 година (среда) со почеток во 19:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје, претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе имаат свои обраќања на настан по повод означување на инвестицијата ветропарк „Богословец“, вредна над 61 милион евра.

На настанот, кој е во организација на „Тхор Импекс“, ќе бидат присутни и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Календар Влада: 
E mërkurë, Korrik 7, 2021 - 19:00 to 20:00