Премиерот Заев панелист на конференција на „Економист“ во Атина

Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Атина, Грција, а утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ - 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.

Премиерот Заев ќе дискутира на важни прашања, како подобрување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, регионалната соработка, проширувањето на ЕУ, како и зголемување на трговијата и инвестиции во време на превирања.

Заедно со премиерот Заев се и заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Премиерот Заев ќе присуствува и на свеченоста на која ќе се обрати премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис. Во рамки на официјалната посета предвидени се повеќе средби со стопанственици,  дипломати, а исто така ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија. Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката.

Календар Влада: 
E enjte, Korrik 8, 2021 - 00:00 to E premte, Korrik 9, 2021 - 23:45