Заев - Харис: Горди сме на еврејската заедница во Северна Македонија како важен сегмент на нашето мултикултурно општество

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со Дејвид Харис, извршен директор на Американскиот еврејски комитет одржаа средба во рамки на работната посета на Атина.

Главниот акцент на разговорите беше ставен на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја. Премиерот Заев истакна дека еврејската заедница во земјава иако е мала, таа е многу активна и придонесува во градење на демократското општество со свои претставници во националните институции.

Извршниот директор на Американскиот еврејски комитет, Харис рече дека премиерот Заев и Северна Македонија имаат голема поддршка за евроинтегративните процеси на земјата. Како што беше кажано на состанокот Северна Македонија е членка на НАТО и сите очекувања се да започнат интегративните процеси како што беше ветено.

На средбата се дискутираше и за енергетските проекти и договорите кои се потпишуваат со Грција после Договорот од Преспа, а имаат цел економско поврзување и напредок на Северна Македонија.