Премиерот Заев на јавна дискусија за отворање на фабрика за обработка на отпад во Неготино

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска, 10.07.2021 година (сабота), со почеток од 18:00 часот, ќе се обрати на јавната дебата во организација на Општина Неготино, посветена на новата инвестиција за отворање на фабрика за обработка на отпад во Неготино.

Јавната дебата ќе се одржи во Домот на културата во Неготино.

Покрај премиерот Заев, ќе се обратат и градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, Лазе Филипов, проект менаџер на „Зока Енерџи Солушн“ и Иво Креча претставник на „Грин Инвесмент“.

Календар Влада: 
E shtunë, Korrik 10, 2021 - 18:00 to 19:00