Промоција на „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“

На 21.07.2021 година (среда), во Клубот на пратеници, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи промоција на „Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“. На настанот свои обраќања ќе имаат заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми. Воедно, на промоцијата ќе присуствуваат амбасадори, претставници од надлежните институции, домашни и странски организации.

Календар Влада: 
Среда, Јули 21, 2021 - 10:00 to 11:00