Економски форум за регионална соработка, 29 јули 2021 година во Скопје

На 29 јули 2021 година (четврток) во Скопје ќе се одржи Економскиот форум за регионална соработка на иницијатива на премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама.

Организиран од владите на Северна Македонија, Србија и Албанија во партнерство со стопанските комори во трите земји, Форумот вклучува политички и економски обраќања на тројцата лидери, економски панел со претседателите на стопанските комори, како и активности за вмрежување меѓу компаниите од регионот.

Календар Влада: 
Четврток, Јули 29, 2021 - 00:00 to 23:45