Јавен оглас за именување директор на Фондот за осигурување на депозити

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
30.07.2021

Врз основа на член 13 од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија” бр. 63/2000, 29/2002, 43/2002, 49/2003, 81/2008, 158/2010,  43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016 и 83/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за именување директор на Фондот за осигурување на депозити

  1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Фондот  за осигурување на депозити, за период од четири години.
  2. За директор на Фондот  за осигурување на депозити може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
    1. е државјанин на Република Северна Македонија; 
    2. во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност; 
    3. има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; 
    4. има минимум пет години работно искуство;
    5. да не е член на орган на управување или вработен во банка или штедилница; 
    6. поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  3. За директор на Фондот  за осигурување на депозити може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    1. Пријава по оглас;
    2. Кратка биографија;
    3. Мотивациско писмо;
    4. План и програма за идна работа;
    5. Уверение за државјанство; 
    6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    7. Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
    8. доказ дека има минимум пет години работно искуство;
    9. доказ дека не е член на орган на управување или вработен во банка или штедилница;  
    10. меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Фондот  за осигурување на депозити“.
  6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
  8. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 3 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  9. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
  10. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.