Јавен оглас за избор на заменик директор на Државниот испитен центар

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
30.07.2021

Врз основа на член 9 и член 10 од Законот за државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/2008, 148/2009, 41/2014, 55/2016 и 142/2016 и 64/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на заменик директор на Државниот испитен центар

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог од министерот за образование и наука ќе именува заменик директор на Државниот испитен центар, за време од пет години.
  2. За заменик директор на Државниот испитен центар може да биде избрано  лице кое ги исполнува следниве услови:
    1. е државјанин на Република Северна Македонија;
    2. во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    3. има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    4. има минимум шест години работно искуство во воспитно-образовна дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието и
    5. поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  3. За заменик директор на Државниот испитен центар може да бидe избрано лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
  4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
    • Пријава по оглас;
    • Кратка биографија;
    • Мотивациско писмо;
    • План и програма за идна работа;
    • Уверение за државјанство; 
    • Доказ дека во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
    • Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
    • доказ дека има минимум шест години работно искуство во воспитно-образовна дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието;
    • меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
      • ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
      • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
      • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
      • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
      • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
      • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
  5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на заменик директор на Државниот испитен центар“.
  6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)
  8. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 3 работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  9. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија. 
  10. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.