Линк за следење во живо на чествувањето на Илинден 2021 - Меморијален центар АСНОМ во Пелинце

На следниот линк може да го проследите во живо чествувањето на Илинден 2021 - Меморијален центар АСНОМ во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија АСНОМ.

Програмските содржини во Пелинце започнуваат во 09:50 часот со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма.

Потоа следува обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и завршниот дел од културно-уметничката програма.
 

Календар Влада: 
Понеделник, Август 2, 2021 - 00:00 to 23:45