Премиерот Заев свечено ќе го отвори „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри“

Денеска (сабота), 14.08.2021 година, премиерот Зоран Заев свечено ќе го отвори „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри“, кој е дел до Европската пливачка федерација - ЛЕН.

На настанот учество ќе земат 33 пливачи од 14 земји, меѓу кои и 6 пливачи од Република Северна Македонија, кои ќе пливаат во олимписка дисциплина на 10 километри.

Настанот ќе започне во 15:30 часот на плажата пред „Хотел Метропол“ во Охрид.

Календар Влада: 
Saturday, August 14, 2021 - 15:30 to 16:30