Премиерот Заев ќе се обрати по повод стартот на првата јужнокорејска инвестиција во земјата вредна 30 милиони евра

На 18.8.2021 година (среда) со почеток во 13:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе се обрати по повод почетокот на изградба на првата јужнокорејска инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона - Скопје 2.

На настанот ќе присуствува и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, а свои обраќања ќе имаат и претставници на раководството на глобално реномираните компании американската „Дура аутомотив системс” и јужнокорејската „Алмак“.

Нова инвестиција која се реализира со заедничко вложување на двете компании, во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.

Календар Влада: 
E mërkurë, Gusht 18, 2021 - 13:00 to 14:00