Заедничка прес-конференција на министерката за култура Ирена Стефоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров

Денеска, 23.8.2021 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, министерката за култура Ирена Стефоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров ќе одржат заедничка прес-конференција.

Тема на прес-конференцијата е соработката меѓу Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој за реализација на проектот за дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” – Скопје.

Календар Влада: 
E hënë, Gusht 23, 2021 - 11:00 to 12:00