Церемонија по повод врачувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, на премиерот Заев и на поранешниот премиер на Грција Ципрас

Денеска, 28.08.2021 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, започнува церемонијата по повод врачувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, на премиерот Заев и на поранешниот премиер на Грција Ципрас.

Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им е доделена на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас, ќе биде доделена од страна на претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.

Календар Влада: 
Saturday, August 28, 2021 - 11:00 to 12:00