Обраќање на премиерот Зоран Заев по повод финале на Светскиот куп во олимписка дисциплина, далечинско пливање 10 км за 2021 година

Денеска (сабота), 28.08.2021 година, од 17:00 часот, премиерот Зоран Заев, кој е воедно и покровител на овој настан, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе присуствува и ќе има обраќање на „финалето на Светскиот куп во олимписка дисциплина, далечинско пливање 10 км" кое ќе се одржи покрај Oхридското крајбрежје пред хотел Метропол, организирано од страна на пливачката федерација на Северна Македонија и светската пливачка федерација ФИНА.

Присутни гости на овој настан ќе бидат и Венко Филипче, министер за здравство и Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

На настанот учество ќе земат 73 пливачи од 13 земји, меѓу кои и 3 пливачи од Република Северна Македонија.

Календар Влада: 
Saturday, August 28, 2021 - 17:00 to 18:00